Германскиот хард рок бенд Рамштајн предизвика бес во јавноста откако објави видео со кое го промовира својот нов албум, а во кое членовите на групата се појавуваат облечени како логораши со јамки околу вратот.
Клипот предизвика гнев меѓу еврејските групи и политичари кои ги обвинија рокерите дека го тривијализираат Холокаустот.
На почетокот на снимката, еден од рокерите, облиен со крв што му тече низ лицето, стои под
лилјаци.
Гитаристот Пол Ландерс на снимката носи Давидова ѕвезда на градите над натписот „Дојчланд“ (Германија).
Шарлота Ноблок, која го преживеа холокаустот и поранешен претседател на Централниот совет на Евреите во Германија, за германскиот дневник Билд, изјави дека „со ова видео бендот ја помина границата“.
– Инструментализацијата и тривијализацијата на Холокаустот, како што е прикажано на фотографиите, е неодговорна, рече Ноблок.
Владиниот повереник за антисемитизам Фелик Клајн изјави дека „тоа е невкусна експлоатација на уметничката слобода“, доколку видеото е само за зголемување на продажбата.