Откако пееше за еврото, па за Сизиф, сега очигледно Рамбо Амадеус ќе пее за старо железо.
По не толку успешниот настап на „Евровизија“, познатиот Рамбо Амадеус се враќа со неверојатен концерт кој ќе се одржи на 31 јули во депонијата Балјаче во Подгорица.
Билетите за концертот не може никаде да се купат затоа што ќе влезе тој што ќе донесе старо железо.
„Тој што ќе донесе стар електричен шпорет или машина за перење, има право да внесе повеќе луѓе на концертот“ стои на официјалниот сајт на Рамбо Амадеус.
Општо познато е дека Рамбо се бори за заштита на природната средина, така што оваа негова одлука воопшто не изнанадува.