Картите за претстојниот музички спектакл на Џенифер Лопез во Комбанк арената во Белград веќе се во продажба.
Картите за ВИП трибината кои дел се чуваат за личните гости на Џенифер Лопез која ќе настапи на концертот на 20 ноември во Комбанк арената, од вчера се пуштени во продажба поради големкот интерес на публиката во регионот.
Побарувачката за картите е голема, велат организаторите, па во продажба останале само тие за ниво 400, фан пит и партер.