Авторот на мега хитот Gangnam Style откри дека неговата нова песна, ќе се вика Gentleman и ќе биде придружена со нов танц, кој ќе се базира на традиционалниот корејски танц.
– Песната е крајно забавна. Можам да ви кажам дека ќе се вика Gentleman. Што се однесува до танцот, сите жители на Кореја веќе го знаат, но не им е познат на фановите од другите земји – изјави Psy за една локална телевизија.
Но, тој е штедлив на зборови за својата нова песна. Корејските обожаватели ќе можат да ја слушаат Gentlemen од 12 април, а песната ќе биде претставена пред публиката за прв пат на 13 април.