На 29-ти март во МКЦ, во Дансинг сала, за прв пат соло концерт ќе имаат Funk Shui.
„Пред фактите и боговите молчат, а за Funk Shui доволно е само да се напомене дека изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“, а ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последно место“, се вели во соопштението на МКЦ.
Билетите за концертот на Funk Shui се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот- 400 денари.