Поп пејачката Каролина Гочева вечер во Универзалната сала ќе го одржи својот прв акустичен концерт на кој ќе ги изведе нејзините најголеми хитови. Дел од песните се на првото нејзино компилациско издание „Најубави песни“, кое ќе биде промовирано на концертот.
Новиот албум, кој содржи 12 нејзини најубави песни со бонус од четири песни, неодамна излезе во продажба.
Билетите за концертот што го организира „Авалон продукција“, се продаваат во „Југотон“ и на билетарницата на Универзалната сала.