Промотивни концерти на Каролина со новиот албум „Извор“ во февруари во МОБ

Од:

Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски