Момчињата од фудбалскиот клуб “Istlej Reds”-Црвените од Истлеј, пред секој натпревар ja слушале песната “Warriors Dance”- Танц на воините, од групата “Продиџи”. Кога го дознале тоа, момците од бендот биле толку воодушевени што одлучиле да ги спонзорират младите Британци.
Тринаесетгодишните играчи од Хемпшир од сега на своите дресови имаат слика на мравка, заштитен знак на групата “Продиџи”.
Тие пред секој натпревар го подигнуваа расположението со слушање на хитот “Танц на воините”, благодарение на што клубот доби спонзорски договор со популарната група.
– Мило ми е што “Продиџи” се наш спонзор. Нивната музика на мојот тим, кои се клинци до 13 години, пред секој натпревар нивната музика им беше главната мотивација – вели тренерот Крис Чепмен.