Првиот сингл од постхумниот албум на Мајкл Џексон беше премиерно изведена на доделувањето на наградите „iHeartRadio“ во Лос Анџелес, од страна на Ар-ен-Би пејачот Aшер.
Песната „Love Never Felt So Good“, која Џексон ја напишал и снимил во 1983 година е првиот сингл од албумот „Xscape“, кој ќе биде пуштен во продажба на 13 мај.
Песната ќе може да се презема од интернет од вечерва на полноќ.
Инаку, на албумот ќе има осум досега необјавени песни, кои се снимени во периодот од 1983 до 1999 година.
Џексон, познат и како „крал на попот“, важи за еден од највлијателните музичари и досега ширум светот има продадено околу милијарда носачи на звукот.
Тој почина на 50-годишна возраст во 2009 година во Лос Анџелес, од предозирање со анеститик пропофол.