Една од најуникатните музички појави, во регионот, на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“ доаѓа во Скопје.
По распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, на 20-ти април, во новата сала на Македонската Филхармонија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 3. март.