Според пишувањето на дневниот српски весник Курир, бизнисменот Милан Поповиќ, веќе еден месец е во врска со актерката Марија Каран.
Тие двајца се запознале додека Северина била трудна, но тогашниот однос меѓу нив, не бил ништо повеќе од пријателски. Сепак откако Милан раскина со Севе, меѓу него и Марија се родила љубов.
„Тие двајца имаат многу заеднички пријатели. Засега им оди супер. Марија му е голема поддршка на Милан откако тој раскина со Северина“, вели извор близок до бизнисменот и актерката.
Наводно Милан и Марија одлучиле засега да ја кријат врската од медиумите.