Половина век од првиот сингл на Битлси

Од:

Пред 50 години, легендарните “Битлси” го снимија во Лондонското студио Ејби роуд (Abbey Road), нивниот прв сингл “Love Me Do”, што го означи почетокот на револуцијата која засекогаш ја смени музичката мапа на светот.

Пет месеци претходно, Ливерпулската четворка доживеа неуспех на аудиција за дискографската куќа Deka (Decca), по што нивниот менаџер, Брајан Епштајн контактираше со други издавачки куќи, но без успех.

Во мај 1962. членовите на групата се сретнаа со Џорџ Мартин од филијалата на дискографската куќа EMI Parlofon, а потоа во јуни во студиото на Ејби роуд ги изведоа своите три песни “Love Me Do”, “P.S. I Love You” и “Ask Me Why”.

Неколку недели подоцна, потпишаа договор и го снимиja својот прв сингл, означувајќи го почетокот на “bitlmanijata” – револуција во музиката, популарната култура, модата и забавната индустрија.

Кога на 5 Октомври 1962 година, “Битлси” ја снимија песната “Love Me Do”, најстариот член на групата имаше 21, а најмладиот 19 години.

Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар ја објавија “Love Me Do” од синглот “P.S. I Love You” на Б страната. Нивниот прв сингл се искачи на 17 место на британската топ листа на најпродавани нумери.

Следуваше синглот “Please Please Me”, кој стигна до второто место на британската листа, а потоа и “I Want To Hold Your Hand” во 1964. со која “Битлси” го освоија и американскиот пазар.

Половина век подоцна, Џон Ленон и Џорџ Харисон веќе не се живи, но “Битлсите” и понатаму остануваат еден од најпопуларните бендови во историјата на поп и рок музика.

Дискографската компанија ЕМИ го одбележува јубилејот со објавување на сите албуми на Ливерпулската четворка – “Please Please Me” и “With The Beatles” од 1963 година, “A Hard Day`s Night” и “Beatles For Sale” од 1964 година, “Help” и “Rubber Soul” ( 1965), “Revolver” (1966), “Sgt. Pepper`s Lonely Hearts Club Band” и ” Magical Mystery Tour “(1967),” White Album ” и ” Yellow Submarine”(1968), “Abbey Road”(1969),” Let It Be “(1970), како и компилацијаta на синглови “Past Masters” od 1987 година.

Оваа комплетно издание ќе биде објавено во ограничен тираж од 50.000 примероци, со илустрирана книга на Кевин Хаулет, најголемиот познавач на “Битлси” во светот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски