Пол Макартни (71) после десет дена пуштен е од болница, откако во Токио доби вирусна инфекција.
Состојбата со денови не се подобрувала, па лекарот наредил строго мирување. Пејачот мораше да ги откаже настапите во Азија, што му било многу тешко.
Сопругата Ненси Шевел (53) беше покрај пејачот цело време во болничкиот апартман.
– Се чувствувам одлично, но не знам кога ќе се вратам на сцената, рече британскиот музичар.