Били Џо Армстронг, фронтменот на поп-панк бендот Green Day подиве на сцената за време на концертот, па се пријави на рехабилитација во установата за одвикнување од зависности.
Бендот настапи на фестивалот на “iHeart Radio” во Лас Вегас, а кога организаторите ги замолија да го скратат својот настап, бидејќи биле пробиени границите на времетраењето на концертот, Армстронг прилично се изнервирал.
Прво, го прекина на половина најголемиот хит “Basket case” бидејќи посака да отсвири нова песна, а кога им јавија дека имаат само една минута до крајот на настапот му “попуштија сопирачки”.
-Тука сме од е**ната 1988 година и сега вие ни давате само една е**бена минута. Јас не сум Dzastin Bieber, e**на една минута остана од свирката, немојте е**но да се шегувате со мене – урлаше Армстронг и псуеше на сите присутни од бината.
Потоа почна да удира со неговата гитара на подот додека не се распадна и им го покажа средниот прст на сите и пцуејќи си отиде.
„Били Џо отиде на рехабилитација, а ние им се извинуваме на публиката во Лас Вегас поради скандалот, како и на нашите фанови затоа што ќе треба да ги откажеме претстојните настапи”, се вели во соопштението на бендот “Грин деј” што го го објави денес! “Уно”, прв од трите нови најавени албуми.
Патем, пред концертот на групата “Грин деј”, настапи Ашер кој со својот продолжен настап го поремети целиот распоред на фестивалот.