Пејачката Натали Кол, ќерка на џез легендата Нет Кинг Кол, почина на 65 години.
Кол во 1991 година сними албум „Unforgettable… With Love“, кој е продаден во 14 милиони примероци и освои шест Греми награди.
Истоимената песна, виртуелен дует со нејзиниот покоен татко, беше и најголем хит во нејзината кариера.
Во мај 2009 година Кол имаше трансплантација на бубрег, а пејачката претходно објави дека и е дијагностициран хепатитис Ц како последица од земање хероин во 70-те и 80-те години.