Познатиот рок музичар Грег Алман почина денеска на 69-годишна возраст во својот дом во градот Савана, во американската држава Џорџија, соопшти неговиот публицист.
Лидерот на бендот „Алман Брадерс“ и пионер на јужњачкиот рок, роден во Нешвил, беше автор на многу хитови, како што се „Midnight Rider“, „Whipping Post“, „Ramblin’ Man“’ , јавија американските медиуми.
Алман ги откажа минатогодишните турнеи, а во август соопшти дека се наоѓа под надзор на лекари заради „сериозни здравствени проблеми“.