Почина легендарниот музичар Леонард Коен

Од:

Легендарниот пејач и композитор Леонард Коен почина на 82-годишна возраст.

Неговата смрт предизвика емотивни реакции меѓу политичари, музичари и актери, пренесоа светските електронски медиуми.

„Со длабока жал ве известуваме за смртта на поетот, композитор и уметникот Леонард Коен“, напиша неговиот агент на Фејсбук.

„Загубивме еден од најпочитуваните и плодотворни визионери во светот на музиката“, се вели во соопштението.

Коен живееше Лос Анџелес, а подоцна денеска таму ќе се одржи икомеморација.

Роден на 21 септември 1934 година во семејство на богатите Евреи во Монтреал, Коен компонираше некои од песните кои станаа „химни“ во последните децении.

Неколку генерации пееја и танцуваа на музиката на неговите најпознати композиции – „Suzanne” или „So long Marianne”.

Првиот албум на Коен ги вклучува токму овие две песни и издаден е во 1967 година. Две години подоцна излегува неговиот втор албум, под влијание на кантри музиката. Таму е вклучено едно од најуспешните негови парчиња „Bird on The Wire”. Многу познати изведувачи како Џо Кокер и Џони Кеш направија кавери на оваа песна.

– Музиката на Ленард Коен беше незаменлива, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо по повод смртта на Коен.

– Сите знамиња во Монтреал денеска се симнати на половина копје поради смртта на Коен, најави градоначалникот на градот Денис Кодер и изрази жалење што светот изгуби еден музички титан.

Пејачката Бет Мидлер напиша на Твитер дека си заминал уште еден  волшебен глас. Џастин Тимберлејк го нарече Коен неспоредлив душа. Актерот Расел Кроу се заблагодари на Коен за сите мирни ноќи, за размислите, за перспективите и за вистината, проткаени во неговите песни.

Коен беше еден од највлијателните уметници во музиката, кои се појавија во 60-тите години на минатиот век, заедно со нобеловиот лауреат за литература Боб Дилан и канадскиот музичар Џони Мичел.

Пред да ја започне активната музичка кариерам Коен живеел на грчкиот остров Идра, каде објавил стихозбирка и два романи. Тој се преселил во Њујорк во 1966 година, за да се посвети на музиката.

Во 1995 година ја запре својата музичка кариера и стана будистички монах. Го прифати името Џикан, што значи тишина. Следните шест години не издаде албуми.

Во 2005 година се утврди дека неговиот долгогодишен менаџер му украл петмилиони долари, кои ги зел од неговиот пензиски фонд. Тогаш Коен се врати во музиката и ја направи епската турнеја, која траеше од 2008 година до 2013 година, за време на која изведе 387 песни.

На 21 септември Коен издаде нов албум насловен „You Want it Darker”. Во него тој го поставува прашања за човечката природа и за семоќниот Бог. Албумот е проткаен и од помислата за смртта.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски