Почина коосновачот на „Дорс“ Реј Манзарек

Од:

Легендарниот клавијатурист и коосоновач на групата „Дорс“, Реј Манзарек, почина синоќа на 74-годишна возраст од рак на жолчните канали.

Како што соопшти неговиот менаџер Том Виторино, Манзарек починал во болница во германскиот град Розенхајм во присуство на членовите на неговото семејство.

По соопштението на Виторино, се огласи гитаристот на „Дорс“, Роби Кригер кој изјави дека со длабока тага ја примил веста за смртта на неговиот пријател, Реј Манзарек.

– Среќен сум што ја имав таа можност да свирам заедно со него во „Дорс“. Реј беше голем дел од мојот живот и секогаш ќе ми неодостига, нагласи Кригер.

Манзарек заедно со Џим Морисон ја основаа „Дорс“ по една случајна средба во Лос Анџелес во 1965 година.

Легендарниот клавијатурист е автор на повеќе хитови како „Break On Through to the Other Side“ и „Light My Fire“.

Манзарек е роден во 1939 година во Чикаго во семејство на полски имигрант.

Покрај што свиреше на клавијатри, Манзарек беше и пејач, продуцент, компизтор и филмски режисер. Тој беше во брак со Дороти со која го доби синот Пабло.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски