Почина еден од најголемите кантри пејачи Мерл Хагард

Од:

Еден од најголемите пејачи на американската кантри музика, Мерл Хагард, почина во неговиот дом на 79-годишна возраст.

Мерл Хагард е еден од големите имиња на т.н. група „кантри отпадници“ и беше меѓу најгласните критичари на хипи движењето во текот на 60-те години од минатиот век.

Тој беше автор на повеќе од 30 кантри нумери, а негов најголем хит беше „Okie from Muskogee“, кој стана еден вид анти-хипи химна.

Хагард во младоста почнал да краде и илегално се занимавал со дестилација на алкохол, поради што завршил во затворот „Сан Квентин“, каде во 1958 година бил еден од гледачите на концертот на Џони Кеш. Тој концерт е една од причините поради кои одлучил да се занимава со музика.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски