Музичарот Џек Шерман, кој се стекна со слава како гитарист на групата „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers), почина денеска на 67-годишна возраст.
Причината за смртта на гитаристот засега е непозната. Поранешни колеги од групата по неговата смрт изјавија дека тој бил единствен.
„Му благодариме за времето што го помина со нас – доброто, лошото и она помеѓу нив“, напишаа членовите на познатата група.