Пионерот на хип хопот Grandmaster Flash за првпат во Скопје

Од:

На 26 февруари, во ноќниот клуб Станица 26, со почеток во 21 часот за првпат пред македонската публика со двочасовен сет ќе настапи хип хоп пионерот Grandmaster Flash. Двочасовниот диџеј настап во Скопје е дел од неговата голема турнеја „Hip-Hop: People, Places and Things“. Она што ќе го видиме во Скопје е своевиден музички времеплов и час по едукација за се она што значи хип хоп од 70те години па се до денес. Настапот е во организација на 3Гонга во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.

„За нас Grandmaster Flash претставува клучна фигура во полето на хип-хоп музиката. Тој е еден од најзаслужните за револуцијата и популаризацијата на овој музички правец. Како диџеј, „алатките“ кои тој ги креираше се од исклучителна важност за сите генерации по него кои се занимаваат со оваа работа“, велат Shorty P & Irie Scratch.

Grandmaster Flash од неодамна е добитник на Polar Music Prize наградата за 2019 година. Оваа музичка награда се смета за еквивалент на Нобеловата награда, и се доделува во Шведска. Во предходните години оваа награда ја имаат добиено, Боб Дилан, Пол Макартни, Џони Мичел, Стинг, Пети Смит, Чак Бери, Кронос Квартет, Бјорк, Енио Мориконе, Пинк Флојд… На доделувањето беше најавен како еден од главните „виновници“ за креирањето на hip-hop звукот.

Joseph Saddler или денес познат под псевдонимот Grandmaster Flash е некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“. Овој историски хип хоп бенд има издадено два култни албуми „The Message“ во 1982 година и „On the Strength“ во 1988 година. Синглот „The Message“ е се уште еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека се првата hip-hop група која станала член на „Rock & Roll Hall of Fame“.

Оваа рап легенда е родена во 1958 година на Барбадос, а љубовта кон грамофоните му се родила уште во тинејџерските години, откако со своето семејство се преселиле во Бронкс. Кариерата ја започнува во раните 70ти, како диџеј на приватни забави заедно со Kurtis Blow и Lovebug Starski. Кон средината на 70те ја оформува својата прва група, во која членуваат Cowboy, Melle Mel, и The Kidd Creole. Групата првично се нарекувала „Grandmaster Flash and the 3 MCs“, а ќе остане запаметена по тоа што нејзиниот член Cowboy го измислил терминот „Hip-Hop“, a Melle Mel е првиот кој се нарекол себеси MC (Master of Ceremony). Со приклучувањето на Rahiem и Scorpio, бендот се преименува во „Grandmaster Flash and the Furious Five“.

Додека ги проучувал стиловите на своите идоли, Grandmaster Flash ги креирал некои од техниките, кои и до денес се стандарден дел од диџеј науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последнава декада тој издаде еден мемоар, започна свое радио шоу, ја доби “BET I am Hip-Hop Icon” наградата, се појави на видео игра, а неговиот лик е дел од Netflix серијалот “The Get Down”. Човекот кој го сметаат за главен „виновник“ што денес грамофонот е музички инструмент, во моментов работи на својот 12ти студиски албум.

Влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase.com и www.karti.com.mk. Првите 100 влезници, кои беа по промотивна цена од 600 денари се продадоа за 24 часови, останатите од 800 денари се во слободна продажба. Пред почеток на неговиот настап на билетарата во клубот Станица 26 цената на билетите ќе биде 1000 денари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски