Американската пејачка Пинк изјави дека секогаш била задоволна со нејзиното тело.
Пинк за Редбук рече дека многу повеќе внимание посветува на некои други аспекти од нејзиниот живот, отколку на тоа како изгледа.
– Девојка како јас, е некој кој не може да се потпре на својот изглед, некој за кого луѓето од првиот ден зборуваа дека никогаш нема да биде на насловните страни, затоа што не е доволно убава. Јас од многу одамна се помирив со тоа. Ги знам моите силни страни – работам напорно, имам талент, имам смисла за хумор и сум добра личност, рече Пинк.
Таа додаде дека луѓето секогаш сметале дека изгледа како маж.
– Да се чуствуваш убаво за мене претставува чувство на удобност во своите кожни панталони или кога маж ќе ме зграби за задникот. Се чуствувам убаво и кога седам на подот и мојата ќерка целата среќна дотрчува до мене. Физичката убавина никогаш не претставувала цел за мене. Среќата е мојата цел – да се биде здрав, силен, моќен, корисен, интелегентен и вљубен. Околу мене сега е толку многу среќа, рече Пинк.