Пејачката Пинк се врати на сцената во своето досега најженствено издание.
Се добива впечаток дека на оваа откачена пејачка мајчинството добро и „легна“, бидејќи на корицата на новиот албум за прв пат ја гледаме во секси женствено издание, кое во многу нешто се разликува од нејзиниот досега препознатлив имиџ на бунтовно „машкоданесто“ девојче.
За враќањето на музичката сцена, Пинк одлучи на косата да и ја врати розевата боја, со која всушност и ја почна својата кариера, но овој пат во малку посветла варијанта.
Најавувајќи го модниот пресврт во имиџот на симпатичната Пинк, стилистите оваа кокетна пејачка за снимањето на насловницата на албумот ја облекоа во заводливиот стил на педесетите: кратки црни панталони, кратка јакна со пуфкасти ракави, чорапи со халтери и прекрасни црвени потпетици од сатен на опасно висока пета.
Првиот сингл на шестиот албум што го има насловот „The Truth About Love“ (Вистина за љубовта) се вика „Blow Me (One Last Kiss)“, и на помалку смешен начин зборува за прекин на врска.