Пеце од популарната македонска група „Суперхикс“ по втор пат стана татко. На Денот на вљубените и виното се роди Маша Младеновска.
Среќниот татко радост ја сподели со пријателите на својот „Фејсбук“ профил.
– Додека сите вие славите Трифун или Валентајн, јас ќе им се заблагодарам на двајцата и секако, најмногу на мојата сопруга Ели Клинчаревска Младеновска, што ни ја донесоа Маша Младеновска на овој убав ден и на овој прекрасен и се надевам за неа помалку комплициран свет! Татко на квадрат денеска. Пресреќен -напиша тој.
Првото дете во семејството на Пеце е момче и се вика Никола.