Партнерот ја изненади Адел со спектакуларен гест на нејзин концерт

Од:

Адел и нејзиното момче Сајмон Конецки веќе неколку години се во хармонична врска, а во јуни 2012 година станаа и горди родители на синот Енџел, поради кој британската пејачка со ангелски глас три години се повлече од сцената.

28-годишната дива потоа повторно се врати на сцената и издаде нов албум кој ги урна сите рекорди и почна концертна турнеја.

Во рамки на турнејата се издвојува нејизниот концерт во американскиот град Нешвил, каде Сајмон и приреди спектакуларно изненадување.

Имено, во текот на нејзините концерти правило е во еден момент од таванот да почнат да паѓаат шарени ливчиња на кои се испишани зборовите од нејзините песни. Но, на концертот во Нешвил сите зборови на ливчињата беа рачно испишани токму од страна на Сајмон.

„Ти си ангел“ и „Те сакам веќе долго време“, само се некои од пораките кои романтичниот Сајмон и ги упати на својата партнерка по повод 5-тата годишнина од нивната врска.

Адел концерт 2

Освен Адел, воодушевени беа и присутните во салата, кои на социјалните мрежи почнаа да објавуваат фотографии и снимки од настанот.

За потсетување, по завршувањето на сегашната турнеја Адел најави дека повторно „ќе земе неколкугодишна пауза од настапите“ за да може да се посвети на синот, а таа и Сајмон планираат уште деца.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски