Паркети одат во пензија

Од:

По повеќе од две децении на македонската сцена, најоригиналните, секогаш поинакви и уникатни панкери од групата „Паркети“, се повлекуваат од натамошните настапи. Познатите битолчани заминуваат во пензија со нивниот последен албум, најави фронтменот на групата, Сашо Паркет.

– Можно наскоро да го дадеме албумот за бесплатно симнување од интернет, а за брзо ќе промовираме еден андерграунд спот и тоа е тоа. Се повлекуваме од македонската поп сцена, а од настапи по фестивали и слични манифестации се пензионираме – вели Сашо.

Бендот „Паркети“ е формиран во 1991 година од страна на Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Тие бргу стануваат познати по нивните секогаш оригинални и енергични настапи, на кои имало се, од кршење на картонски гитари, преку моторни пили, до соблекување.

Да се биде Паркет стана начин и стил на живот. „Паркети“, барем за битолчани, ќе останат како урбани легенди, а веста за пензионирањето веќе разочара многумина.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски