„Паркети“ ќе го промовираат новиот албум

Од:

Битолскиот бенд „Паркети“ ќе имаат промоција на албумот „Република Франкенштајн“ во сабота во салата за свадби на Центарот за култура Битола.

„На почетокот беше најавен како последен албум, како крај нашата кариера бидејќи почуствувавме дека веќе не ни оди и дека е најдобро вака, со еден солиден албум да ставиме крај на кариерата. Но излезе дека сме интересни и на публиката во останатите екс-ју републики, па тоа ни даде мала надеж и тоа не одржува. Нашите очекувања се дека можеби, ама можеби некој ќе види дека имаме талент и седа почнуваме со нова сила од почеток во нова авантура“, вели Сашо Паркет, за интернет магазинот „Ремикс Прес“.

Неодамна извадија и спот за песната „Ми пукна филмо“, која е дел од албумот.

Концертот ќе започне во 22 часот, а ќе настапат како гости и скопските „Д‘Далтонс“. Цената на картата е 100 денари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски