Познатата американска старлета Парис Хилтон (30) пред два дена пристигна во Истанбул каде ќе учествува во една реклама за компанија која се занимава со производство на облека, пренесува турската агенција „Анадолија“.
Контроверзната старлета и наследничка на империјата „Хилтон“ ќе се појави во реклама со познатиот турски фудбалер Ардa Туран, кој игра во шпанскиот клуб „Атлетико Мадрид“. За овој ангажман Парис и Арда ќе добијат заедно 6 милиони фунти.
Рекламата ќе ја режира турскиот режисер Синан Четин. Ова е осми пат како Парис ја посетува Турција, а минатата година таа таму ја претстави својата колекција женски чевли.
Неодамна една компанија во Јужна Кореја и платила на Парис, милион долари само за да се појави во еден корејски музички спот.