Паричка во чест на рок-групата „Квин“

Од:

Британската Кралска ковачница издаде комеморативна метална паричка во чест на рок-групата „Квин“, и на покојниот пејач Фреди Меркјури.

– Ова е еден ‘кој би рекол’ миг. Имаме монета од нашето кралство, вредна пет фунти, изработена од Ковачницата. На едната страна е кралицата (The Queen – Елизабета Втора), а на другата е „Квин“ (Queen, групата). Тоа никогаш досега не се случило, изјави гитаристот на групата, Брајан Меј.

Сите британски монети и банкноти го содржат лицето на монархот.

Новата паричка е издадена во златен и сребрен дизајн и го има логото на бендот и инструментите на кои тие свират: Бекстајн клавирот на Фреди Меркјури, гитарата на Меј, тапанот на Роџер Тејлор и бас-гитарата на Џон Дикон. Цената варира од 13 фунти за сребреникот до 2.100 за златникот.

Ова е прва паричка од планираната серија „Музички легенди”, соопшти Кралската ковачница.

Би можело да ве интересира

Лана дел Реј ја откажа својата турнеја

А1он

Џастин Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лозано заминува на голема американско-канадска турнеја

А1он

ВИДЕО: „React“ е конечно тука, а девојките во 40-тите се „пожешки“ од било кога

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мик Мил и Џастин Тимберлeјк со нова песна „Believe“

А1он

ВИДЕО: „Goo Goo Dolls“ ја најави својата голема летна турнеја „Goo Goo Dolls 2020“

А1он