Анџелина Џоли е една од најубавите холивудски глумици. Повеќето девојки и сакаат да личат на Анџелина, но по се изгледа тоа најмногу и успева на Челси Мар, од Шкотска.
Секој кој ќе ја здогледа Мар, на прв поглед, помислува дека станува збор за познатата актерка, пишува „Блиц“.
Она што Челси ја разликува од другите девојки е тоа што не правела никакви хируршки интервенции, не глумела нејзина двојничка, па дури и никој не знаел за неа до неодамна.
Еден нејзин пријател ги испратил сликите на Челси до списанието за мажи „The Lad Bible“, кој веднаш ги објави фотографиите на „двојничката од Инстаграм“.