Откриена холивудска тајна за убав изглед

Од:

Знаеме дека актерите минуваат низ голем број процедури на разубавување, како пластични операции и напредна техника на шминкање што лицата ги прави помлади, телата послаби,а недостатоците невидливи.

Но, постои уште една техника која Холивуд ја крие со години, а сега конечно излезе на виделина благодарејќи на новинар од порталот „Мешабл“, кој разговарал со еден од пионерите на оваа технологија.

Имено, не се работи за шминка, туку за посебна дигитална обработка на шминката во постпродукцијата. Техниката се вика „Бјути ворк“ и го прави тоа што Фотошоп го прави со фотографиите.

Со оваа техника ликовите можат да се променат, дури и до граница на непрепознавање. Тоа со други зборови значи дека „технички“ со часови се поправа изгледот на филмот, се корегираат сликите во движење, се разубавуваатна кожата, косата и забите на актерите и се отстрануваа брчките и разните други „вишоци“.

– Сите се разубавени. Понекогаш затоа што така сакаат тие самите, а понекогаш затоа што тоа го бара улогата. Тоа се користи, кога на пример повозрасна актерка игра улога на тинејџерка или во филмот во кој Бред Пит го играше Бенџамин Бaтон, каде беше и момче и старец, објасни Клаус Ханси. кој ја обелодени оваа посебна техника.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска