Машкиот бенд „One Direction“ синоќа освои три МТВ Европски музички награди, станувајќи така голем победник на вечерата во Глазгов.
Британскиот поп – бенд, познат по својата посветената база обожаватели, освои награди во категоријата за најдобар поп, најдобар настап во живо и најголеми фанови.
Раскошната церемонија, исполнета со огномет, со што беше обележан и 20-от „роденден“ на овие награди, одржана е во арената Хидро во Глазгов, која прима 13.000 луѓе.
Аријана Гранде исто така успешно помина синоќа освојувајќи две МТВ ЕМА награди за најдобар женски изведувач и најдобра песна (Проблем).
Ники Минаж доби награда за Најдобар хип хоп изведувач, а Џастин Бибер за Најдобар изведувач.
Хеви метал ѕвездата Ози Озборн доби почесна награда „Глобална икона“, додека ирските рокери U2 се претставија со нумерата „Every Breaking Wave“.