Според податоците на Националниот институт за ментално здравје, секоја година кај 40 милиони Американци постари од 18 години е дијагностицирано анксиозно нарушување. За да откријат кои луѓе имаат најголем ризик да добијат нарушување на анксиозност, истражувачите од Универзитетот Илиноис испитале 179 здрави мажи и жени и ги прашале како се носат со своите емоции, поврзувајќи ги нивните одговори со нивната анксиозност. Целта им била да истражат дали позитивната емоционална стратегија може да понуди поголема отпорност и заштита од проблемите.
Учесниците во истражувањето одговориле на прашалник, кој мерел колку се фокусирани на своите цели, дали знаат да ги контролираат своите емоции, дали предизвиците ги набљудуваат на позитивен начинили ги игнорираат проблемите и го оценувале нивото на анксиозност во различни ситуации со поднесување усмен извештај на групите или заминување на забава. Врз основа на резултатите истражувачите откриле дека лицата кои ги анализирале настаните во својот живот и гледале на нив од позитивна страна имаат помало ниво на анксиозност, во споредба со оние кои се обиделе да ги игнорираат своите емоции.
Резултатите сугерираат дека по пат на начинот на однесување, кој може да се научи, луѓето можат да ја надминат анксиозноста. Доколку гледате на тешките проблеми како шанса нешто да постигнете, а не како на нешто што ќе ве врати назад, тогаш можете и да ги решите, а со тоа ќе бидете и помалку анксиозни. Оние што избегнуваат соочување со проблемите ќе добијат зајакнати симптоми на анксиозност и стрес, кои можат сериозно да го нарушат здравјето. Научниците истакнуваат и дека мала доза на анксиозност е добра за луѓето, бидејќи ги поттикнува повеќе да се концентрираат и да бидат поефикасни кога се во прашање работните задачи.