Британскиот хард рок бенд „The Cult“ ќе го објави десетиот студиски албум на 5 февруари следната година под наслов „Hidden City“.
– Финалниот дел на трилогијата која ја сочинуваат албумот „Born Into this“ од 2007 година и „Choice of Weapon“ од 2012 година, „Hidden City˝ тесно е поврзана со серија искуства и визии подвлечени со темата искупенение и повторно раѓање низ музика својствена на „The Cult“, се наведува во соопштението на издавачката куќа „Lampshade Media“.
Тргнувајќи од шпанската фраза ˝Ciudad Ocultad˝ или „ ˝Hidden City˝, албумот рефлектира будење совест со својот тон и комплексност.
„Hidden Sity“ е метафора за нашите духовни животи, нашите интимни внатрешни животи, објасни фронтменот на групата Ијан Астбери.
– Видов дека денешните гуруа се обидуваат да нудат некои еликсири, произведи, како да е тоа нов феномен. Мојата улога е да одговорам, не да реагирам, да набљудувам, учествувам и ширам низ зборови и музика, додаде тој.
Некои од најпознатите албуми на овој бенд се ˝Love˝, ˝Beyond Good & Evil˝.