Џеј Зи официјално го објави насловот на својот нов албум, „4:44″, кој засега е достапен само за корисниците на Спринт и на музичкиот сервис Тидал. Албумот ќе излезе на 30 јуни.
Ова е прв Албум на Џеј Зи по „Magna Carta Holy Grail” од 2013 година. Минатата година, тој соработуваше со продуценти како Свиз Бистз и Зејтовен, но нема информации дали тие работеле и на овој албум.
Тидал соопшти дека овој албум е прв во серијата ексклузивитети за корисниците на платформата Спринт, што компанијата годинава ја купи за 200 милиони долари.
– Џеј Зи е светска икона и ние на клиентите им нудиме прилика да бидат први кои ќе „го доживеат“ неговиот нов албум, рече директорот на Спринт, Марсело Клауре.
Тидал направи голема рекламна кампања за овој албум, од билборди и Јутуб видеа до спотови во финалињата во НБА.