Новата песна на „Ролинг стоунс“ е хит број еден во САД

Од:

Најновата песна на „Ролинг стоунс“ – „Living in Ghost Town” (Да се живее во градот на духови), објавенa вo четвртокот, стана химна на денешнината за Американците кои, како и цел свет, се борат против коронавирусот.

Песната е хит број еден на листите во над 20 други држави. Тоа е нивни прв сингл по осум години пауза.

– Тоа е песна со апокалиптичен наслов, којашто ќе одекнува низ времето, рече Мик Џегер, пејач на групата, за „Епл мјузик“.

Песната првично е снимена пред околу една година во Лос Анџелес, но завршната верзија говори за годинешната изолација.

– Ова се тешки времиња, но и од лошото има полошо, додаде рокерот.

Џегер говореше и за нивната светска турнеја, одложена поради пандемијата со новиот коронавирус.

– Не знаеме што ќе се случи со турнејата… Не знаеме ништо, истакна тој изразувајќи жалење затоа што многу луѓе изгубија работа.

Бендот минатата недела учествуваше во хуманитарната акција за помош на СЗО, организирана од Лејди Гага.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски