Нова песна на Нокаут – „Ноември”

Од:

Можеби сивилото и маглите не ни дозволија да уживаме во сите бои на ноември, но тука се „Нокаут“ да ви разбудат нови емоции за тој месец.

Тука се да раскажат приказна за еден посебен ноември, која сигурно ќе ви оживее сеќавања за некој друг, само вам посебен месец од животот.

Едноставно насловена како „Ноември”, песната е заденичка соработка помеѓу Никола Перевски, Дарко Димитров и Игор Џамбазов. Додека Дарко е автор на музиката, Игор е тој кој ја оживеа приказната преку текстот, а Пере работеше на аранжманот.

Видео материјалите на Даниел Јовески совршено се вклопија во приказната за ноември, доловувајќи ги сите бои и расположенија на овој месец. Ако во претходниот спот за песната „Трип”, Нокаут ја „донесоа” Барселона, овој пат повторно и се враќаат на прекрасната Македонија, конкретно на пејзажите во Маврово и Охрид кои се особено живописни во овој период од годината.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски