Frikka може да се окарактеризира како модерно кабаре, експресивно радување на животот.
Ваквиот тип на бендови и музички правци не се воопшто типични за македонската сцена, но баш тоа ја прави оваа музичка група поинтересна, пооргинална и посочна за слушање.
Во овој сингл на бендот Frikka гостува Ана Топалова од Бугарија која беше 2 место на „Музичкиот идол“ во својата земја.
Музиката е на Гаврило Миловановиќ и Златко Митрески.