Две години по објавувањето на албумот „The Pale Emperor“ Мерилин Менсон го промовира новиот албум „Heaven Upside Down“.
Менсон на новиот албум обработува многу теми – насилство, секс, политика, но и романтика. Во песната „KILL4ME“ Менсон бара од своите фанови брутално да му се заколнат на верност.
Бендот кој работеше на новиот албум „Heaven Upside Down“ е составен од композиторот на филмска музија Тајлер Бејтс кој свирии гитара и клавијатури, потоа поранешниот тапанар на „The Dillinger Escape Plan“ Гил Шарон, како и басистот Твиги Рамирез кој свиреше и на претходниот албум на Менсон.
За продукцијата, микс и мастер на албумот беше задолжен Бејтс, а текстовите на песните ги напиша Менсон.
За време на снимањето на десеттиот студиски албум почина таткото на Менсон, Хју Ворнер. Последната песна од албумот „Saturnalia“ е посветена на Ворнер.
Менсон е повреден откако врз него падна дел од метална конструкција за време на концертот во Њујорк, поради што тој ги одложи концертите.