Ник Кејв: Светот падна во морничава, саморефлектирачка тишина

Од:

Обожавателите на ликот и делото на Ник Кејв ова лето ќе имаат можност да го проследат специјалниот интернет-концерт под наслов „Идиотска молитва“ (Idiot Prayer), во облик на филм, на 23 јули во 20:00 часот.

Во пресрет на овој концерт, Кејв објави и најавно видео за претстојниот своевиден документарец.

– „Идиотска молитва“ произлезе од повеќе концерти што ги одржавме минатата година. На овие концерти ми се допадна да изведувам деконструктивни верзии на моите песни – посветувајќи посебно внимание на зборовите. Се чувствував како да ги пренасочувам песните и почнав да размислувам да влезам во студиото и да снимам нови ревидирани верзии од нив…, вели Кејв во трејлерот.

Тој потсетува дека во тој миг светот отиде во самоизолација, а светската турнеја „Лоши семиња“ (The Bad Seeds) беше одложена до 2021 година.

– Светот западна во морничава, саморефлектирачка тишина. Тогаш во таа тишина почнав да размислувам не само за аудио снимање песни, туку и за снимање видео… И така почнавме да собираме мал тим, вклучувајќи го тука одличниот режисер Роби Рајан, Дом Монкс – човекот за звук и, монтажерот Ник Емерсон, со намера да го снимиме филмот веднаш штом се создадат условите за тоа, додава познатиот музичар.

Тој додава дека „Идиотска молитва“ е еден вид „заслепувачка кулминација на трилогијата“ којашто вклучува уште два филма – „20,000 денови на Земјата“ и „Уште еднаш со чувство“. Концертот е снимен во јуни во Александар Палас во Лондон, а на интернет ќе може да се гледа со претплата.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски