Новото издание на „Гинисовата книга на рекорди“ ќе биде објавено на 13. септември, а во него свое место имаат и многу музички ѕвезди, меѓу кои и британската пејачка Адел со најмногу соборени светски рекорди досега.
Адел со својот успешен албум „21“ освои седум светски рекорди досега – прва пеачка, прва британска музичка ѕвезда и прв изведувач воопшто кој во рекордно време достигна еден милион продадени песни / албуми по дигитален пат.
Нејзината песна „Rolling in the Deep“ е најпродаваната дигитална песна во САД и во Велика Британија во 2011 година, а албумот „21“ е најпродаваниот дигитален албум и во САД и во Велика Британија.
Сепак, кога станува збор за целокупната продажба на песни и албуми дигитално, првото место го држи Ријана. Таа го собори овој рекорд – за време на нејзината целокупна кариера досега има продадено над 47 милиони примероци од своите песни, само во САД.
Албумот „Born This Way“ на Лејди Гага е најбрзо продаваниот дигирален албум во САД, само во текот на првата недела биле продадени 1,1 милион копии.
Групата „One Direction“ е првата британска група чиј деби албум „Up All Night“ веднаш стигна на првото место во САД.
Камбек концертот на „Stone Roses“ е прогласен за најпродаваниот рок концерт во историјата на Велика Британија. Сите 220.000 билети за трите концерти беа продадени за 68 минути.
Мадона е рекордер за привлекување публика на ТВ екраните – 114 милиони гледачи пред ТВ – екраните го следеле нејзиниот настап на спортскиот натрпевар „Super Bowl“ во февруари годинава.
Кога веќе станува збор за пејачки, рекордот го држи Витни Хјустон, со најмогу хитови истовремено на топ-листите во Велика Британија. Дури дванаесет од нејзините песни се најдоа меѓу најпродаваните песни, по нејзината смрт во средината на февруари оваа година. Досегашниот рекорд го држеше Ејми Вајнхаус, по чија смрт 8 нејзини песни се најдоа на оваа листа.
Сепак, во категоријата машки и женски изведувачи, за сега рекордот го држи Мајкл Џексон, по чија смрт, 28 хитови се најдоа на британската листа на 100 најпродавани песни.