Најбизарни стихови во популарната музика

Од:

Песните на групите „Килерс“ и „Битлси“, но и на Мајкл Џексон, Лајонел Ричи и Џорџ Мајкл се најдоа на листа на бесмислени композиции.

„Дали сме луѓе или танчери“ – е стих од хитот „Human“ на групата „Килерс“, кој збуни многумина. Што сакале да порачаат Брендон Флауерс и неговите колеги од бендот со овие стихови не им е јасно ни на слушателите, покажува една анкета која неодамна била спроведена во Велика Британија.

Онлајн сервисот „Блинкбокс Мјузик“ организирал истражување за најбизарните стихови во историјата на музиката, кое опфатило над 2.000 испитаници и „Килерси“ се нашле на прво место за најчудни напишани текстови за песни.

Истражувањето покажа дека над 38 отсто од возрасната публика обично не разбира што сакаат да кажат музичките ѕвезди во своите песни, а 32 отсто слушатели сметаат дека хитовите станале конфузни. Исто така, секој четврти испитаник дури не е ни во состојба да ги разбере зборовите кои пејачите ги изговараат.

Публиката не е збунета само од составот од Лас Вегас со својот хит од 2008 година, туку тоа им појде од рака и на славните ливерпулски ѕвезди. Џон Ленон и Пол Макартни во 1967 година напишаа музика за песната „I Am The Walrus“, додека Ленон е автор на стиховите: „Јас сум човек јајце, тие се исто како јас, јас сум морж леплив“. И токму таа порака на „Битлси“ никако не можеле да ја сфатат учесниците на ова испитување, па овие стихови се нашле на второ место.

Како може Карли Ре Џепсон („Call Me Maybe”) да пеe: „Пред да ми влезеш во животот, толку много ми недостигаше”, како Лијам Галагер („Champagne Supernova”) вели „полека слези низ ридот, побрзо од ѓуле” или како на Џорџ Мајкл („Club Tropicana”)в му „недостига морето, а бранови се кршат во заливот” се прашуваат многумина, сместувајќи ги овие хиотви меѓу десетте најбесмилсени.

Што сакал да каже Мајкл Џексон во хитот „Earth Song“, кога пее: „А шта со слоновите? Зарем ја изгубивме нивната доверба“ – на ова се чудат многумина.

Тука е и Лајонел Ричи кој во популарниот сингл од 1983 година „All night long пее“: „Tom bo li de se de moi ya, hey jambo jambo…“ Овие стихови составени од разни зборови од африканскиот континент никој не ги разбира. Но и не треба, со оглед на тоа што Ричи тоа го внел во песната како „штос“.

Обичниот свет можеби не ја разбира пораката на уметниците, но Брендод Флауерс вели дека инкриминирајќи го стихот на групата „Килерс“ базиран на цитатот на култниот американски писател Хатер С. Томпсон одгледуваме генерација танчери и додава: „Го земав тоа и побегнав. Можеби на некои луѓе тоа не им звучи граматички точно, но мислам дека ми е дозволено да правам што сакам“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски