Премиерата на документарниот филм за пејачката Џенет Џексон, сестрата на Мајкл Џексон, е најавена за почетокот на 2022 година. Филмот во два дела со работен наслов „Џенет“ ќе ја одбележи 40-годишнината од објавувањето на истоимениот нејзин албум.
Четиричасовниот документарец ќе раскажува за животот и кариерата на познатата поп и ар-ен-би пејачка, а сѐ тоа дополнето со досега необјавени снимки и домашни видеа.
Џексон ќе даде осврт и на (не)славниот скандал со Џастин Тимберлејк на полувремето во „Суперболот“ во 2004 година, кога нејзиниот колега, случајно, или не – ѝ ја откри едната града пред камерите.
Џексон е извршна продуцентка на проектот, заедно со Ренди Џексон, а режисер ќе биде Бен Ajриш.