На идната турнеја, Фил Колинс ќе мора да пее седејќи

Од:

Британскиот музичар Фил Колинс им соопшти на обожавателите дека поради неговата лоша здравствена состојба, едвај ги држи своите тапанарски стапчиња в рака и дека на сцената ќе мора да пее седејќи. Во новото интервју, тој ја најави идната, повратничка турнеја на неговиот рок-состав „Генезис“, основан 1970-тите.

– Тешко ми е, тоа многу ме фрустрира зашто сакам да можам да стојам додека настапувам. Но, и едвај ги држам стапчињата во рацете, така што има одредени здравствени проблеми кои ме спречуваат, рече Колинс.

Фил (70) истакна дека тоа е последица од операциите на грбот во 2009 и 2015 година, а има и дијабетес. Тапанарот и пејач, инаку осумкратен добитник на „Греми“, изјави дека неговиот син Ник ќе свири на тапани на турнејата, којашто ќе биде прва негова во Северна Америка по 14 години.

Колинс, кој имаше успешна соло кариера во 1980-тите и 90-тите, со хитови како „In the Air Tonight” и „One More Night“, во 2011 година објави дека се повлекува од сцената, но 2017 година се врати со серија концерти, под наслов „Not Yet Dead: Live“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски