Молитва за спас на блудницата Мадона

Од:

Верниците во Варшава на 1 август, за време на концертот на Мадона на Народниот стадион, ќе му се молат на Господ да и прости на блудната американска пејачка.

Надбискупот Хенри Хосер ги повика католичките верници на 1 август вечерта да дојдат во црквата во близина на Народниот стадион во Варшава на молитва за душите на загинатите во Варшавското востание, што попчна на тој ден пред 68 години, но, исто така, и за спас на душата на блудниците.

Свештениците во неделата, кога на верниците им беше прочитан повикот, предупредија дека молитвата всушност е за гревот на блудниците заради концертот на Мадона, пишува денешен Жечпосполит.

„Тој концерт е антилитургија. Сведоци сме на сквернавење на крстот“, рече свештеникот Анжеј Грефкович, варшавски официјален истерувач на ѓаволот.

Снимки од концертите од летната турнеја на Мадона, во чии рамки на 1 август ќе се оддржи концертот во Варшава, ги прегледа посебна комисија. Полската католичка црква, во која имало и егзорцисти, констатира дека во настапот на пејачката има и елементи на сатанизам.

Денот што Мадона го одбра за во Варшава да ги израдува концертните љубители на својата музика предизвика големи контраверзи и протести на конзервативните католички кругови, затоа што на тој ден се одбележува годишнината од Вашавското востание против нацистичкиот окупатор во полскиот главен град.

Мадона и за претходниот концерт во Варшава во 2009 година го одбра денот, што по оценка на црквата не смееше. На 15 јули е црковниот празник на Успението на Пресвета Богородица, па сега младите конзервативни католици ја обвинуваат дека намерно ги бира незгодните датуми за гостување, за всушност да им се потсмева на Полјаците и нивната вера, а од градските власти побараа концертот да се забрани.

Властите во Варшава тоа го одбиле, но во договор со боречките организации на ветераните од Втората светска војна и Варшавското востание и организаторите на концертот се најде компромис- на почетокот на концертот да се прикаже краток документарец, како дел од одбележувањето на годишнината на Варшавското востание.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски