На молба на бендот „Мјуз“, британскиот астронаут Тим Пик го пушти нивниот сингл „Starlight“ и на Твитер им порача дека „звучи уште подобро во вселената“.
Бендот побара од Пик да им каже како нивната песна звучи во вселената, на што тој одговори: Звучеше супер на Земјата, но уште подобро во орбитата.
Пик одбра за време на патувањето во вселената да ги слуша и песните „Dont Stop me Now“ од Квин, „Beatiful Day“ од Ју-ту и „A Sky Full od Stars“ од Колдплеј.
Пик треба да мине шест месеци на Меѓународната вселенска станица и е првиот британски астронаут кој лета во вселената после Хелен Шарман, која мина една седмица на советската вселенска станица Мир во мај 1991 година.