„Мис Порто Рико“ избрана за нова „Мис на светот 2016“

Од:

„Мис Порто Рико“, 19-годишната Стефани дел Вале победи на изборот за убавина „Мис на светот 2016“, што се одржа синоќа во Оксон Хил, близу Вашингтон.

Црнокосата студентка ја доби круната од Шпанката Миреа Лалагуна, која победи на минатогодишниот избор во Кина.

missportorico1

– Чест и голема одговорност е да бидам претставничка на Карибите, изјави убавицата.

Вале говори три јазика – шпански, англиски и француски. Нејзиниот животен сон е да работи во забавната индустрија.

Втора најубава девојка на светот е Јарица Рамирез од Доминиканската Република, а трета беше „Мис Индонезија“ – Наташа Мануела.

Во најтесниот круг од пет девојки, односно во финалето влегоа и претставничките на Кенија и Филипините.

Би можело да ве интересира

Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скандал на избор за мис – експресно ѝ ја одзедоа титулата на разведена убавица

Жарко Настоски

Мис Мукерџи замина во својата татковина за да и помогне на земјата од Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

Во Германија избрана „Мис 50 +“

Ана Ололовска