Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Од:

Мис на Русија вели дека натпреварувачките на овогодинешниот избор за Мис Универзум ја избегнувале и сугеририра дека изборот е наместен.

Минатиот месец во Њу Орлеанс се одржа 71-от избор за Мис Универзум, а победничка беше Американката Бони Габриел. Ана Линикова, Мис на Русија и Викторија Апанасенко, која ја претставуваше Украина, беа меѓу натпреварувачките.

Русинката вели дека се соочувала со континуирана серија на навреди и закани од украинските корисници на социјалните мрежи и негативни коментари од познаници од таа земја. Таа војната не сакаше да ја коментира, но вели дека играла голема улога во натпреварувањето.

„Многумина ме избегнуваа и бегаа кога ќе слушнеа од каде потекнувам. Девојките од Украина и Швајцарија бегаа од мене како од оган“, изјави Ана. Таа смета дека „се во врска со изборот на топ 16 девојки, имало исклучиво политички контекст“.

Тaa вели дека тоа што не се пласирала во финалето на натпреварувањето нема врска со „квалитетот на нејзиниот настап“. Линикова исто така тврди дека Апанасенко не сакалa да разговара со неа само затоа што е од Русија.

“Се обидов да воспоставам контакт, но сите напори беа залудни. Сите го видоа демонстративното однесување на Викторија – тоа е нејзин избор, а јас не и замерувам”, рекла Ана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скандал на избор за мис – експресно ѝ ја одзедоа титулата на разведена убавица

Жарко Настоски

Мис Мукерџи замина во својата татковина за да и помогне на земјата од Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

Во Германија избрана „Мис 50 +“

Ана Ололовска

Белорусинка е победничка на првиот светски избор за Мис во инвалидска количка

Наум Локоски