Стиви Вондер, Кристина Агилера и други музичари ќе учествуват на 13 октомври на концертот во чест на нивниот починат колега Принс, во неговото родно место Минеаополис.
Сестрата на Принс изјави претходно дека концертот ќе биде одржан на новиот стадион во Минеаополис, кој има капацитет за 20.000 луѓе.
– Среќни што можеме да им дадеме можност на многу музичари да му оддадат почит на нашиот брат, нагласи сестрата на Принс, Шерон Нелсон, и додаде дека очекува учество на пејачката Чака Кан која соработуваше со познатиот текстописец.
Ова ќе биде еден јавен омаж за 57-годишниот музичар кој почина на 21 април годинава од прекумерна доза на лекови против болки на база на опијати.