Металика не е добродојдена на фестивалот Гластонбери

Од:

Поради членот на групата Металика, Џејмс Хетфилд, кој поддржува поседување на оружје и лов, покрената е иницијатива на бендот да му се забрани настап на фестивалот Гластонбери.

Пејачот Хетфилд е долгогодишен член на Националното здружение на сопственици на огнено оружје (НРА), а сега најавува дека ќе биде наратор на ТВ серијалот за лов на мечки на Алјаска. Тоа ги изненади фановите на оваа група, кои бараат да не им се дозволи настап на познатиот фестивал.

– Настап на бенд кој поддржува оружје и лов воопшто не е во духот на фестивалот, кој промовира еднаквост, радост и мир, се наведува во петицијата, на која има веќе над 10.000 потписи.

Хетфилд се уште нема ништо изјавено по повод овој случај. Металика треба да настапи на Гластонбери на 28 јуни.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски